Обвинителството отвори предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Основното јавно обвинителство во Струга оформи предмет по повод уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, кое се случи за време на градежни активности во нејзина близина. Според официјалното соопштение, работите ги изведувало лице од струшкото село Велешта.

Јавен обвинител на 16 октомври извршил увид на лице место, во присуство на вешто лице од областа на градежништвото, со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до оштетување на објектот.

„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на сите релевантни околности под кои се случил настанот“, соопштија од Обвинителството, објави Скопје1.мк

Спомен-куќата на Владо Малески – авторот на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“ – претставува значаен културно-историски објект во Струга, а нејзиното оштетување предизвика бурни реакции во јавноста.

Back to top button
Close