На улица во Словенија убиена воспитувачка од градинка

Најмалку десет полицајци целосно ја блокираа Колодворската цеста во Пивка, Словенија, во понеделник наутро. На тротоарот во близина на локална продавница, локален човек кој живеел во блиска станбена зграда со три истрели ја уби воспитувачката во градинка, а потоа се самоуби.

Соседот на убиецот, кој ја гледал трагедијата од својот балкон, бил сведок на инцидентот. Како што објаснил за Dnevnik.si, ги видел заедно пред зградата. Не ја слушнал расправијата, но забележал дека соседот ѝ се заканил на жртвата и влегол во зградата. Таа продолжила да оди по тротоарот, а тој набргу потоа истрчал од зградата. Ја повикал, таа се свртела, а потоа ја застрелал три пати во торзото од непосредна близина. Потоа го свртел пиштолот кон себе и пукал.

„Веднаш истрчав на патот, им гo проверив пулсoт на двајцата, но веќе беа мртви“, опишал сведокот.

Продавачите во блиската продавница, исто така, слушнале сè.

„На почетокот реков дека воопшто нема да ја отвориме вратата, за да не пука и нас некој“, се присети продавачката која во солзи повика помош. Нејзиниот колега излезе на улица и ги виде телата – двајцата ги познаваа жртвата и убиецот.

„Ја препознав веднаш, живее во соседната зграда“, рече друга продавачка, која по убиството и самоубиството ги насочуваше децата што во тој момент одеа на училиште и минуваа покрај телото (4news.mk)

Back to top button
Close