Меџити ќе му даде гласови на Максо за да добие трет мандат во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски.

Димитриевски информира дека од претставниците на коалициониот партнер Влен добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.

„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша тој.

Кандидатот на ЗНАМ се заблагодари на сите кои, како што рече, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија, додавајќи дека заедно ќе продолжат „да го градат градот и да работат во интерес на Кумановчани.

Back to top button
Close