Онколошки пациент од Скопје осум дена е оставен без таблетарна терапија

Сашко Стоилов (55), онколошки пациент од Скопје веќе 8 дена е оставен без таблетарна терапија која редовно ја прима од август годинава.

Тој во изјава за ТВ24 ја раскажува неговата борба со карциномот на дебелото црево, но и со институциите кои, според него, не ја набавувале терапијата навремено.

 

Вели дека минатата среда после три часа чекање на Онкологија, му било соопштено дека неговиот лек го нема.

 

– Терапијата ја примам од осми месец, таблетарно ја викаат, две недели ја примаш па две недели одмараш па повторно две недели примаш и две одмараш и така кон докторката тоа што го одредува како терапија. На 15.10 минатата среда појдов најнормално чекаме сите пациенти во ходник од метар ипол и три ипол часа чекавме и на крај ни вика докторката нема терапија. Кога отидов на шалтер мора да го пријавиш и ми вика дај ми телефонски број па кога ќе добиеме ќе ви се јавиме. Па и реков кога ќе умрам мене тогаш не ми треба терапија. Сега ми треба додека сум жив – вели Стоилов.

 

Стоилов вели дека за тоа што нема лекови на Онкологија и тоа што многу пациенти се оставени без терапија треба да има одговорност.

 

– Доколку некој престапи со својата одговорност дали е магационер, дали е директор, дали кој е одговорен на тоа одделение за набавка на лекови треба да сноси одговорност. Јас како камионџија ако поминам на црвено и ако згазам пешак ќе одговарам така да и тие за ова треба да одговараат. Тоа да им биде јасно – вели Стоилов.

Back to top button
Close