ВМРО-ДПМНЕ добива уште една општина? – Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски брод

Независниот кандидат за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески се повлекува од изборната трка.

„Ви благодарам од срце за големата поддршка што ми ја укажавте во првиот круг од локалните избори.

По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура.

Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми.

ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес.

Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.

Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент.

Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“, пишува Војнески на Фејсбук

Back to top button
Close