Возач на комбе заспа зад воланот – загина 16 годишник, седум деца повредени

Во страшна несреќа што се случила ноќеска на автопатот Нови Сад – Белград, едно дете го загуби животот, додека уште седум деца се повредени, како и еден маж.

По наплатната рампа во правец на Белград, комбето излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и паднало во каналот.

Како што дознава Telegraf.rs, се сомнева дека причината за несреќата е тоа што возачот заспал зад воланот.

Три екипи на брза помош беа испратени на местото на настанот и интервенираа на највисоко ниво на итност.

Едно дете родено во 2009 година почина на самото место како резултат на повредите здобиени во несреќата, а уште седум деца, на возраст помеѓу 2009 и 2012 година, се здобија со тешки повреди и беа пренесени во Детската болница во Нови Сад.

Возачот на комбето, маж роден во 1982 година, беше тешко повреден и беше пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, пренесуваат српските медиуми

Back to top button
Close