ВИДЕО: Скандалозен говор на омраза на трибините во Прилеп, играчите на Шкендија нападнати во соблекувална
Скандалозен говор на омраза беше забележан при скандирањето во Прилеп, на меѓу македонскиот фудбалски второлигаш Шкендија Арачиново на гостувањето кај Победа во Прилеп.
По мечот тимот од Арачиново излезе со соопштение во кое вика дека е незадоволен од приемот кој го имале во Прилеп.
“ОФИЦИЈАЛНА РЕАКЦИЈА!! Сцените видени денес на стадионот во Прилеп не наликуваат на фудбалот и спортскиот дух што треба да го претставува овој спорт. Она што се случи на трибините и околу теренот не се глетки што треба да се прикажуваат на фудбалски натпревар. Расните навреди, провокациите и лошото однесување не му помагаат на спортот – напротив, го оштетуваат имиџот на фудбалот, клубот и самото натпреварување. Како клуб, силно ги осудуваме овие срамни дела што го нарушуваат достоинството и безбедноста на нашите играчи и навивачи. Бараме од Федерацијата да преземе соодветни мерки и да им додели заслужени казни на организаторите на овој натпревар, за да не се повторат вакви настани. Фудбалот е игра што обединува – а не разделува“, се вели во соопштението на Шкендија Арачиново
На снимките снимени од PortaliX се слушаат постојани навреди кон албанските играчи, а на крајот и обид на дел од навивачите кои ги искршија стаклата од соблекувалната за да влезат и да го нападнат тимот на „Шкендија“, откако тие го добија натпреварот.






