Инфомакс: Спречен обид за бугарски воз на 5 места во Карпош

Инфомакс ексклузивно дознава дека на 5 гласачки места во општина Карпош е направен обид да се прави т.н. бугарски воз.

Имено на 5 избирачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од страна на набљудувачите да бидат изнесени надвор од гласачкото место.

За овие инциденти кои сериозно може да го нарушат демократскиот процес е направен записник и се известени соодветните институции.

Бугарскиот воз, во Бугарија познат како индиски стринг, е метод на местење гласови со цел да се влијае на изборниот процес преку контрола на гласачките ливчиња

Back to top button
Close