Излезноста до 18.30 е 40,45% во Росоман се гласа најмногу, најмалку во Сарај
До 18.30 (половина час пред затворање на гласачките места) во вториот круг на локалните избори, во Македонија гласале 40,45% од запишаните избирачи.

Убедливо најголема излезеност има во општина Росоман каде гласале 77,51 процент од гласачите, а најмала излезеност има во скопски Сарај, само 11,45%.






