Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

Брат на прободено момче една недела по настанот повторно бара правда бидејќи, како што вели, неговиот брат се бори за живот додека човекот кој се обидел да го убие е слободен и се шета низ соседна Грција.
Во продолжение целата објава:
Брат ми е во болничка постела и е жив благодарение на докторите кои 9 часа го оперираа. Прободен со нож, неподвижен и со неизвесна иднина, убиецот во обид, Цветко, слободно се шета низ Грција и објавува слики на Инстаграм.
Наместо да биде во притвор за обид за убиство, тој ужива во слобода. Наместо да му бидат одземени патните исправи, државата му дозволува да патува како ништо да не се случило. Зарем требаше да биде убиен за Цветко да биде процесуиран и притворен? Дали само одземен живот е црвена линија некој да се смести во притвор, а потоа во затвор?
Ова не е правда. Ова е срам. Ова е пораз на системот, на полицијата, на обвинителството и на државата која тврди дека е правна.
Pance Toskovski, Министре, каде е законот кога жртвата е во болница, а насилникот на одмор? Каде е државата кога семејства страдаат, а сторителите се наградуваат со слобода?
Ние не бараме милост, бараме правда. И нема да замолчиме додека не ја добиеме.
Правда за Марко!
Министерство за внатрешни работи
					





