Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата, истакна Муцунски

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и безбедносно значење за Унијата.

Убеден сум дека доколку државата ги имаше направено уставните измени и овој извештај ќе беше поразличен во начинот на којшто одредени фрази се поставени во неговата содржина, бидејќи техничкиот елемент којшто се оценува има и политички аспект.

Но, ние како Влада отворено тоа што го зборуваме пред граѓаните и тоа што чувствуваме дека е став на нашиот народ го пренесуваме и во Брисел. Така се изградени и нашите позиции. Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред.

 

Back to top button
Close