Орце влезе во град Скопје, од вечерва ќе почнело одбројувањето 72 часа чистење на ѓубрето
Новoизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го доби уверението за функцијата и најави дека веднаш започнува со првите активности во главниот град.

„Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје, но и голема обврска да работам одговорно, посветено и со јасна визија. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална или партиска припадност. За мене поделбите не постојат“, порача Ѓорѓиевски.






