Лога: Македонија единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти (ID card)
Северна Македонија 🇲🇰 е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти (ID card), посочува во соопштението Кренар Лога, потпретседател на Алијансата за Албанците.

Овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси (процесот на прислушувањето докажа такво нешто), со што се загрозува изборниот резултат, чесноста на процесот, но и безбедноста на државата, вклучително и на регионот (имајќи ја предвид слободата на движење на Западен Балкан со лични карти).
Доколку постои итност во земјата, тоа е трансформацијата на сите овие лични документи во биометриски






