Владата на Чешка ќе поднесе оставка

Владата на коалицијата на десниот центар на премиерот Петр Фијала денеска ќе поднесе оставка, по поразот на парламентарните избори на 3 и 4 октомври.

Претседателот на Чешка, Петр Павел ќе му додели на Фијала мандат да ја води земјата сè додека не се именува нова коалициска влада, најверојатно составена од популистичка партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот премиер Андреј Бабиш, радикалните националисти Слобода и директна демократија (СПД) и маргиналната евроскептична конзервативна партија Мотористи.

Согласно чешките закон, ако Бабиш сака да биде премиер ќе мора да ја продаде својата компанија Агроферт и да нема никакво влијание врз нејзината работа

Back to top button
Close