ЦЈЗ Куманово: Девет нови случаи со Ковид-19, еден починат, девет оздравени пациенти

 Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира девет нови случаи со Ковид-19. Од новозаболените седум се од Куманово, а двајца се од Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Девет пациенти се оздравени, а починат е еден пациент на возраст од 63 години.

– Сите новозаболени се од познати кластери, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, Ариф Љатифи

Извршени се 24 тестирања од кои 20 по „МојТермин“ и четири епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.410, а во моментов активни се 361  случај.

Back to top button
Close