Филипини предупредија на опасни бури и налети на ветар поради приближувањето на тајфунот Фанг-вонг

Филипинскиот метеоролошки завод денеска издаде предупредување за опасни бури и налети на ветер, во очекување на главниот удар на тајфунот Фанг-вонг, кој се движи кон источниот брег на земјата и, според прогнозите, ќе пристигне до недела вечер.

Тајфунот, кој се протега на 1.500 километри, веќе зафати делови од источните Филипини со силни дождови и ветрови, изјави на прес-конференција метеорологот Бенисон Естареја од Филипинската управа за атмосферски, геофизички и астрономски услуги (PAGASA).

– Може да ја опфати речиси целата земја, рече Естареја, зборувајќи за тајфунот Фанг-вонг, кој во моментов има максимални налети на ветер до 170 километри на час, што би можеле да се засилат до 185 километри на час како што се приближува кон копното.

PAGASA ги повика жителите во пониските и крајбрежни области да се евакуираат на повисоки терени и да ги прекинат сите активности на море.

Неколку локални самоуправи ја откажаа наставата за понеделник, 10 ноември, а националниот авиопревозник на Филипините откажа дел од летовите пред очекуваниот удар на тајфунот Фанг-вонг врз копното.

Back to top button
Close