Од Грција за Германија заминаа семејства бегалци со деца со здравствени проблеми

Група од 121 барател на азил, семејства со деца со сериозни здравствени проблеми, денеска од Грција заминаа за Германија, јави дописничката на МИА од Атина.

Семејствата досега биле сместени во прифатните центри за бегалци и мигранти на грчките острови, а како што соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција, програмата за релокација, освен 1.600 деца бегалци без придружба вклучува и 243 деца кои имаат семејства, но се со сериозни здравствени проблеми.

Back to top button
Close