Рибакина го освои Финалниот турнир кај тенисерките

Тенисерката од Казахстан Елена Рибакина го освои Завршниот турнир кај тенисерките откако вечерва во финалето во Ријад ја победи првата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:0 во сетови. Финалниот меч траеше 1 час и 48 минути.
Во финалниот меч имаше само еден брејк и тоа во честиот гем кога Рибакина поведе со 4:2 и сетот го освои 6:3 во гемови. Во вториот сет немаше ниту еден брејк и сетот беше решен во 13.тиот гем. Но, токму во „завршната игра“ имаше три мини брејка за Рибакина која сетот го доби со 7:6 во тај брејкот беше 7:0 на поени за победничката.
Ова за Рибакина е 11.та титула во кариерата.






