Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од 10 километри.

Издадено е предупредување за опасност од цунами. Се очекува брегот на префектурата Ивате да биде погоден од бран висок еден метар. На граѓаните им е советувано да се оддалечат од брегот.

Според наводите на очевидци, објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот не бил почувствуван силно, иако траел до цела минута.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Back to top button
Close