(Видео) Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?

 

Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива пошироки размери.

Освен што е загрозена помошта од 128 милиони евра од ЕУ, денеска откриваме и информации кои се доставени до нас за директни врски со највисоките структури во Министерството за земјоделство. – изјави на денешната прес-конференција, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ.

Меѓу петтемина осомничени во овој случај се наоѓа и Јасмина Костадинова. Таа е поранешна посебна советничка на Цветан Трипуновски, назначена токму во моментот кога тој ја презема функцијата дополнителен заменик-министер за земјоделство. Денес, соработничката на Трипуновски е вработена во Министерството за земјоделство за финансиски прашања во Управата за водостопанство.

Од тоа произлегува јасно прашање:
Како може министерот Трипуновски да тврди дека нема никаква врска со случајот, кога во скандалот е инволвирана негова блиска и доверлива соработничка?

Бројни фотографии со Трипуновски, но и со други високи функционери на ДПМНЕ, меѓу кои Орце Ѓорѓиевски, Даниела Иротова и Игор Миќев ја потврдуваат поврзаноста и со него и со ДПМНЕ. Се е јасно тука. Прашањето е што знаел министерот Трипуновски за корупциските зделки? Дали тоа значи дека бил информиран за сè или делувала по негови насоки?

Од министер опкружен со изнудувачи и посредници за мито при доделување на европски средства не може да се очекува ниту развој, ниту чесна и одговорна работа во интерес на земјоделците.

За ова мора да има морална и политичка одговорност. Време е министерот Цветан Трипуновски да покаже минимум интегритет и да поднесе оставка. – побараа од СДСМ.

.

Back to top button
Close