Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре

Ништо од ПР-от и шминката на Орце Ѓорѓиевски. Денеска во 10.00 часот изминаа 72 часа, период за кој новоизбраниот градоначалник на Скопје, вети дека ќе го исчисти градот од ѓубре. Не го исчисти.

Фотогрфиите што ги направија фоторепортерите на Рацин.мк го сведочат тоа. Населбите и понатаму тонат во ѓубре, а за дивите депонии нема што да се зборува. Тие и понатаму се грда слика и извори на зараза.

Еве ги фотографиите според локации. Сите се направени денеска во перидот од 8.30 до 10:30 часот:

Карпош 4, во близина на супермаркетот Тинекс.

Во другите делови на Карпош 4:

Кај Спорсткиот центар Борис Трајковски и депониите зад салата кон реката Вардар:

Депонија на улицата Марк Твен:

Back to top button
Close