Беличанец: После падот на поддршката за ДПМНЕ, пред СДСМ се отвора простор за капитализирање од минатиот труд

Од 2017 година, после изгубени 27 години лет во место на државата, СДСМ од 2017 годна Заев-Ковачевски-Филипче водат континуирана политика којашто ВМРО ДПМНЕ ја оквалификува како “губитничка”, “предавничка” и “против националните интреси!

После 12 годишното катастрофално владеење на државата од ВМРО ДПМНЕ (криминал, прислушување, автократско владеење и што не), СДСМ не успеа на собраниските избори да освои просто мнозинство, односно 61 пратеничко место. И не само тоа освои помал број пратеници од ВМРО ДПМНЕ, и Влада можеше да состави само со коалиционирање со ДУИ дотогашниот коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ.
И во таков однос на силите СДСМ на чело со Заев се определи да ги донесе државотворните одлуки со кои земјата стана член на НАТО и се усвоји Преговарачката со која земјата ги започна преговорите за влез во ЕУ.

ВМРО ДПМНЕ како опозициона партија, без проект за излез од состојбата во која се најде во седумте години во континуитет го обвинуваше СДСМ дека “го продаде уставното име”, и “изврши национално предавство” со прифаќањето Бугарите да се внесат во Преамбулата на Уставот како уште едно од малцинствата.
Двата исчекора беа овозможени со склучувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, соработка и добрососедство кои исто така беа окарактетизирани како “предавнички”.

На оваа идеолошка и политичка платформа ВМРО ДПМНЕ во изминатите седум годинини го убеди своето членство во вистината на своите тврдења и го мотивира со ветувањето дека ќе ги поништи сите договори и последиците, а пред се ќе го врати уставното име без придавката “северна”.
Врз оваа изборна платформа ги доби и парламентарните и локалните избори.
Помина година ипол од владеењето на ВМРО ДПМНЕ во која исполни само едно од ветувањата: ги блокира преговорите за влез во ЕУ со неисполнување на единствениот услов за продолжување на преговорите: внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот како уште едно од малцинствата во Уставот.
Мицковата Влада по изборите се насочи кон решавање на тековните прашања и пред се кон подготовката на локалните избори подржувајќи ги со 500.000.000 евра од кредит. Во меѓувреме со три посети на претседателката Фор Де Лајен Владата беше инструирана да се насочи кон извршување на обврски кон ЕУ, но тоа беше игнорирано.
Казната од ЕУ брзо стугна, најлош извештај од ЕУ кој не укажува само на неизвршување на реформи туку и назадување на патот кон ЕУ.
Евидентно ВМРО ДПМНЕ водено од Мицковски е на крстопат.
Да ги исполни ветувањата кон неговите гласачи и да го врати уставното име без придавката “северна”, да го поништи Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија и да се напушти т.н. Историска комисија.
Неизвесноста нема долго да трае. Времето не работи за Мицковото ВМРО ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам како ќе го објаснува на своето членство неисполнувањето на ветувањата и како тоа членството ќе го прими.

За СДСМ се отвара простор за капитализирање на минатиот труд, односно на оствареното. Но да не очекува, како што премногу се надеваше на претходните избори дека со државотворните одлуки ќе победува на избори.
Останува енигмата како да се мотивираат да излезат на избори и да гласаат 50% апстиненти кои се потенцијални подржувачи на СДСМ.
За тоа треаба концепт на економска програма за разввој прилагодена на македонските услови со силна социјалдемократска подршка на работниците, во стопанството, јавните служби и администрацијата.
СДСМ може да победи со јасно социјална политика во којашто секој граѓанин соодветно на неговиот статус и социјална положба, како невработен, вработен, пензионер, студент, земјоделец, инвалид или хендикепиран по некој основ ќе го согледа бенефитот да гласа за СДСМ.

Тито Беличанец

Back to top button
Close