Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.

Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.

И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ

Back to top button
Close