Жена од Кавадарци осомничена дека физички го нападнала своето шестмесечно бебе

Денеска во 06:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци.

Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното шестмесечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава

Back to top button
Close