Пратениците во српскиот Парламент изгласаа осум од девет члена на Регулаторното тело за електронски медиуми

– Пратениците на српскиот парламент избраа осум од девет члена за новото свикување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), чии мандати ќе траат две, четири или шест години.

Пратениците не избраа ниту еден од двајцата кандидати предложени од националните совети на националните малцинства, откако Сојузот на војводинските Унгарци, кој е дел од владејачката коалиција, се спротивстави на тоа и тврди дека предложените кандидати не ја одразуваат вистинската волја на тие совети.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, им честиташе на новите членови на Советот на РЕМ и им посака многу успех во нивната работа.

Тоа беше втор конкурс за избор на членови на Советот на РЕМ што започна во април, откако првиот беше прекинат поради повлекување на некои кандидати кои посочија неправилности во процесот.

Србија е без Советот на РЕМ веќе една година, откако мандатот на претходниот состав истече на 4 ноември 2024 година, по усвојувањето на измените на Законот за електронски медиуми.

Изборот на членови на Советот на РEM е една од точките во рамките на потребните реформи што Србија треба да ги спроведе како дел од преговорите за членство во ЕУ.

Надлежност на тоа тело е да регулира, контролира и санкционира електронски медиуми – телевизиски и радио станици кои имаат национална покриеност и нивните онлајн изданија.

Back to top button
Close