Во Русија се урна авион Су-30 за време на тренажен лет

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека денеска се урна воен авион Су-30, при што загинаа двајцата членови на екипажот.
Несреќата се случила за време на тренажен лет во Карелија, во близина на границата со Финска.
Авионот се урна во ненаселено место, а во леталото немало муниција






