Белгиски воен претставник во САД поднесе оставка по критички напис за политиката на Трамп

Воениот претставник на Белгија во САД, бригадниот генерал Барт Вербист поднесе оставка на функцијата откако објави текст во кој, меѓу другото, оцени дека политиката на американскиот претседател Доналд Трамп создава „хаосот и непредвидливост“, тврди белгискиот весник „Морген“.

Според изданието, Вербист поднел оставка на функцијата на почетокот на оваа недела откако ја „загубил довербата“ на Пентагон и му бил даден рок да ги напушти САД за неколку недели.

Станува збор за текст објавен во месечното списание на Вооружените сили на Белгија, „Белгискиот воен журнал“, во кој Вербист оценува дека првите шест месеци од вториот мандат на претседателот Трамп биле „брутални“ и несомнено отвориле ново поглавје во меѓународните односи.

Според Вербист, САД под водство на Трамп „се впуштиле во јасна промена на курсот и во домашната и во надворешната политика“.

– Не е јасно дали многуте промени се водени од добро осмислена стратешка визија или од дневна политика, наведува генералот во текстот, оценувајќи дека Трамп со своите одлуки „постојано се стреми да ги добие медиумските наслови“.

Информацијата за оставката на Вербист за јавниот радиодифузен сервис ВРТ ја потврдиле и од Кабинетот на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен

Back to top button
Close