Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје од Израел

Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел, објавија албанските медиуми повикувајќи се на медиумите во Тел Авив, кои, пак, повикувајќи се на документ потпишан меѓу двете земји, објавиле дека израелската компанија „Елбит Системс“ ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, како што се хаубици, минофрлачи и беспилотни летала.

Воедно, како дел од овој договор, „Елбит“ ќе ѝ помогне на Албанија да го развие сопственото домашно производство на воено оружје.

-Деталите од договорите остануваат тајна. Тие се од доверлива природа и не можеме да дадеме детали, но во парламентарната комисија за безбедност рековме дека Албанија ќе биде опремена со такво оружје. Државната компанијата „KAYO“ е таа што се занимава со овој процес – рекол албанскиот министер за одбрана, Пиро Венгу.

Израелските медиуми не наведуваат дополнителни детали за вредноста на овој договор, но нагласуваат дека тој е во рамките на зајакнување на односите меѓу Израел и Албанија.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close