Локални врнежи од дожд со услови за невреме
Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени






