ЕК започнува кампања за проширувањето, а шефот на германската дипломатија доаѓа во Скопје да го убеди македонското раководство да не ја пропушти

t

Европската комисија на чело со комесарската за проширување Марта Кос започнува голема кампања со која на Европејците во сите земји членки ќе им го објасни значењето и бенефитите за ЕУ од приемот на нови земји членки.

Поддршката за проширувањето низ  ЕУ останува генерално позитивна, но ставовите на јавноста се обликувани од националните контексти, политичките наративи и ниските нивоа на свест  за политиката за проширување а недостасуваат и информации  за земјите кандидати. Специјалниот Евробарометар (истражување на јавното мислење) за резултатите од проширувањето покажува дека иако мнозинството од 56% од граѓаните на ЕУ поддржуваат натамошно проширување, загриженоста и понатаму постои, при што 67% од граѓаните на ЕУ не се чувствуваат доволно информирани за проширувањето.

Во функција на ефикасно информирање на јавноста во земјите членки на ЕУ започнува оваа кампања на ЕК . Форумот за проширување, како што се нарекува оваа кампања, ќе послужи како водечка иницијатива на Комисијата за издигнување на проширувањето како заеднички политички, општествен и генерациски проект. Проширувањето е централно за унапредување на стратешките интереси на ЕУ, поддршка на економскиот раст и конкурентност, зајакнување на енергетската безбедност и зацврстување на реформите во управувањето и владеењето на правото. Со најамбициозната агенда за проширување во повеќе од една деценија, стратешката визија на Комисијата за 2024-2029 година повикува на преминување од амбиција кон реализација со веродостоен, заснован на заслуги, инклузивен и ориентиран пристап кој ги одразува вредностите на Европа и ја подготвува за иднината.

Првиот настан на овој Форум се одржува денеска во Брисел. Панелот ќе го отвори претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе ја затвори претседателот на Европскиот Совет,Антонио Кошта, а на него ќе зборуваат Еди Рама од Албанија, Миленко Спајиќ од Црна Гора, од Србија Ана Брнабиќ. На овој настан во Брисел се поканети и високи функционери од земјите членки на ЕУ. За жал од Македонија нема никој. Во Скопје денеска ќе допатува шефот на германската дипломатија во обид да го разувери македонското раководство во историскиот и геополитички момент кој Македонија ризикува да го пропушти со последици големи како и бенефитите кои овој историски момент ги носи за државата.

Политиката на проширување на ЕУ доби нова итност во пресрет на континуираната агресивна војна на Русија против Украина и зголемената геополитичка конкуренција во непосредното соседство на Европа.

“ Некои актери на глобалната арена активно се обидуваат да ја поткопаат стабилноста, да ги искористат ранливостите и да ја преобликуваат политичката и економската иднина на Западен Балкан, нашите источни соседи и поширокиот регион. Овој панел го отвора Форумот со поставување на геополитичкиот контекст за дискусиите што следат. Ќе истражи како проширувањето ја поддржува безбедноста на ЕУ, странското влијание и стратешката автономија и зошто комплетирањето на Унијата е од суштинско значење за заштита на мирот, демократијата и просперитетот на континентот” се вели во најават на кампањата со која се подготвува јавноста во Европа за прием на нови замји членки меѓу кои би можела да биде и нашата.

Борјан Јовановски за инфомах мк

Back to top button
Close