Таткото на загинатиот Андреј Стојанов: Стравуваме дека ќе бидеме изманипулирани и ова ќе заврши како Ласкарци”, Беса транс” и ,,Модуларната болница”

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ стравуваат дека и овој случај може да да заврши како ,,Ласкарци”, Беса транс” и ,,Модуларната болница” и правдата нека да излезе на виделина.

На самиот старт на денешното прво рочиште, таткото на загинатиот Андреј Стојанов, посочи дека стравуваат дека ќе бидат изманипулирани.

 

 

-На самиот старт на судското рочиште наидуваме на еден голем скептицизам и разработена игра шема на претставници на адвокати и на обвинети кои манипулираат на разни можни начини нашата болка уште да ја продлабочи. Ние сме направени како фигури и бидејќи нашите деца ги нема и нас да не снема на еден начин, така кажано, за да нема ни кој да оди на нивните гробови.

Ме чуди со која свест и кое лице адвокатите на обвинетите се ситат и ќе земат крвави пари и со која гордост ги даваат изјавите дека ова судење ќе трае 15- 20 години. За нас 15 дена или 15 месеци се многу. Веќе одсум месеци поминаа. Сега ние родителите се чувствуваме изманипулирани на еден начин и стравуваме дека нашата ситуација ќе излезе како судењата за Ласкарци, ќе излезе како трагедијата со автобусот во Бугарија, како модуларна болница.

А, кога имавме средби со премиерот, две и со министерот за внатрешни работи исто така две, ни беше кажано дека случајот во Кочани е крајно што може да биде и е врв на сите криминали и лоши настани. И мора да се направи еден рез, зошто ако не се направи тај рез, не треба да не има нас како држава.Е, сега ова е е еден според нас родителите од најважните испити за државата, бидејќи гледаме како минува времето, некако нас не забораваат, истакна таткото на загинатиот Андреј Стојанов.

Повеќе

Back to top button
Close