Обвинителството се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Туфегџиќ: Сами кажаа дека немаат докази!

Адвокатот Владимир Туфегџиќ денеска за „Скопје1“ потврди дека Јавното обвинителство, во последниот ден од жалбениот рок и непосредно пред крајот на работното време, поднело жалба со која бара укинување на ослободителната пресуда за неговиот клиент Александар Ѓорчевски.

Туфегџиќ најави дека ќе поднесе одговор на жалбата и ќе побара јавна седница пред Жалбениот совет на Апелациониот суд, очекувајќи дека второстепениот суд ќе ја потврди ослободителната одлука.

„Ќе барам јавна седница на жалбениот совет и очекувам судот да ја потврди ослободителната пресуда токму врз основа на наводите на застапникот на обвинението во завршниот збор, во кој кажа — цитирам — ‘ако не прашате дали имаме докази против Александар, НЕМАМЕ’“, истакна Туфегџиќ.

Александар Ѓорчевски беше обвинет, а потоа и ослободен од вина во случајот за убиството на неговата ќерка Вања Ѓорчевска. Обвинението го товареше дека комуницирал со Љупчо Палевски и наводно му давал информации, но судот оцени дека нема докази кои ја поткрепуваат таа теза.

Со поднесената жалба започнува второстепената постапка во која Апелациониот суд ќе ја преиспитува првостепената одлука, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close