Кос до земјите од Западен Балкан: Вие веќе сте дел од Европа


Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос, наведувајќи дека државите од регионот имаат место во Европската Унија како полноправни членки.

Кос изјави денес во Тирана, на состанокот со лидерите на Зaпаден Балкан посветен на Планот за раст, дека денес безбедноста е една од најважните теми.

-А Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан – истакна Кос.

Како што изјави, ова е една грешка од минатото што ЕУ мора да ја исправи.

-Европа ве чека, вие веќе сте дел од Европа, но сега тоа треба да се постигне во институционална смисла преку членство во ЕУ – рече Кос.

Зборувајќи за спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан и плановите за следниот период, таа рече дека има многу причини за славење.

-Но, во исто време, мора да бидеме искрени и да кажеме дека две од шесте земји сè уште не почнале да ги усвојуваат реформите – рече Кос.

Back to top button
Close