МВР го приведе „тепачот“ од мечот Шкендија (А) – Брегалница

По вчерашниот инцидент од полувремето на натпреварот од Втората лига во македонското фудбалско првенство меѓу екипите на Шкендија Арачиново и Брегалница, денеска од МВР информираат дека редарот кој со клоци го нападна фудбалерот на Брегалница е приведен и против него ќе биде покрената соодветна постапка.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Back to top button
Close