Судот потврди дека вицепремиерката на Албанија не смее да ја напушти државата и е под суспензија

t

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, по повеќе од четири часа сослушување не ја промени одлуката за албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белина Балуку и двајца директори на јавни претпријатија. Нејзината компанија соработува со фирмата на младиот Дрин Ахмети, „Тхор индустри“ кои заедно ја купија зградата „Соравија“ и беа поврзани со тендерот за изградба на паркинг на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

По сослушувањето за злоупотреба на тендерите за тунелот „Логораса“ и „Големиот надвозник во Тирана“, судот одлучи да останат во сила двете безбедносни мерки за Балуку – „суспендирање на вршењето на должноста и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“.

Специјалното обвинителство ги истражува двата тендера вредни 210 милиони евра.

Во истото досие осомничени се и Ералд Елези, директор на албанската електро корпорација, КЕШ и Гентиан Ѓули, прв човек на државната Агенција за патишта, на кои им е одредена мерка „куќен притвор“.

Пред два дена судот одлучи да ја суспендира вицепремиерката Балуку од нејзините должности, тврдејќи дека таа, заедно со двајцата директори, може да уништи докази.

И при влегувањето и по излегувањето од судот, Балуку одби да даде изјава за медиумите.

Back to top button
Close