Шампионот Јанта Волеј го претрпе третиот пораз во низа

 Македонскиот одбојкарски шампион во женска конкуренција, Јанта Волеј викендов во 7. коло од Првата лига загуби со максимални 0:3 на гостувањето кај Младост УГД во Штип. За Јанта Волеј ова е трет пораз во низа.

Младост УГД со новите три бода се искачи на четвртата позиција на табелата, додека Јанта Волеј КВ падна на петтата.

Резултати 7. коло Прва лига жени:

РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 0:3 (18:25, 22:25, 20:25)

СТРУМИЦА ЖЕНИ – УСКАНА ВОЛЕЈ 3:0 (25:17, 25:16, 25:20)

ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ0:3 (20:25, 14:25, 16:25)

МЛАДОСТ УГД – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 3:0 (25:18, 25:21, 25:14)

ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЕМ3:0 (25:15, 25:19, 25:21).

Наковски Волеј е прв на табелата со максимални 20 бода. Работнички Скопје е втор со 18, додека Газели Волеј има 15 бода на третата позиција.

Back to top button
Close