Фаворитите сигурни во шестото коло на Првата македонска одбојкарска лига

Без изненадувања минаа натпреварите од шестото коло во Првата одбојкарска лига. Фаворитите беа сигурни во соочувањата со своите ривали и рутински стигнаа до трите бода.
Постигнати резултати:
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 3:0 (25:19, 25:19, 25:10)
СТРУМИЦА – УНИ ВО ТЕТОВО 3:0 (25:13, 25:11, 25:18)
ЈАНТА ВОЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА ЏИО 1:3 (21:25, 13:25, 25:23, 13:25)
ЛИРИЈА – ШТИП УГД 0:3 (17:25, 11:25, 25:27)
РАБОТНИЧКИ – СУШЕВО 3:1 (25:27, 25:21, 25:18, 25:17)
ГОК БОРЕЦ – ВЕСНА ПРОБИШТИП (денес од 19:30 часот).
Лидерот на табелата Штип УГД има максимални 18 бода.






