ПРИХОДОТ ОД КОНЦЕРТОТ ЌЕ ГО ДОНИРАМЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ“ – САША МИРКОВИЌ И АЦА ЛУКАС СО ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ПОТЕГ ЗА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВАТА
Сите приходи од претстојниот концерт на 20 декември во салата „Јане Сандански“, на кој ќе настапат Аца Лукас, Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ, ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во Кочани. Одлуката беше потврдена во заедничко видео на ТикТок, на Саша Мирковиќ и Аца Лукас каде двајцата јавно се договорија целосниот приход да оди за поддршка на децата и семејствата кои ја преживеаја трагедијата.

фото: Хајп тв/илустрација
„Првпат се гледаме ти и јас по Македонија… Да испратиме порака, пред се, до граѓаните на Македонија, дека нема да ги оставиме на цедило и дека ќе настапуваш и во Македонија. Сакам да кажам и да се сложиш ти со мене, сакам твое мислење дека комплетниот приход од концертот во „Јане Сандански“ да го дадеме, но ние лично јас и ти да го однесеме на семејствата на жртвите во Кочани.“
На што Аца јасно одоговори „Апсолутно се сложувам. И тоа целиот приход, не дел. И луѓето да можат да имаат увид во тоа. Значи еве сега и јас кажувам, рече и Саша – целиот приход од концертот на 20 декември во „Јане Сандански“ ќе го поделиме на семејствата, воглавно на децата кои настрадаа во Кочани. Но, не приходот кога имале трошкови.
Ние кога даваме приход, даваме бруто се. И затоа што сега најавуваме дека ќе дојдеме и ќе дадеме се во добротворни цели, да не се секира господинот од Владата, ќе ги имаме сите документи кои сме ги имале и до сега дури и повеќе. И затоа што сега најавуваме дека ќе дојдеме и ќе дадеме се во добротворни цели, да не се секира господинот од Владата, ќе ги имаме сите документи кои сме ги имале и до сега дури и повеќе.“
Саша Мирковиќ додаде дека трагедијата во Кочани не смее да се поврзува со него, Аца или бендот, и дека одговорноста за овие ситуации лежи кај политичките структури. „Ако знаете да правите вакви работи како што направивте сега на Лукас, требало да го контролирате тоа како дискотеките… значи вака да го казнувате, притворувате без причина, а сте пуштале дискотеки да работат без дозволи. Пуштале да работат дискотеки кои се од картон направени, брука и срамота…“, истакна Мирковиќ.
Двајцата највија и прес-конференција деновиве каде ќе им бидат откриени сите детали на граѓаните.
„Еве, поздрав од Ацо и од мене. Ова ќе биде токму така како што рековме. Значи, ќе се видиме.“ заврши Мирковиќ.






