Љутков: Не помина тендерот за изградба на Универзална сала, има жалба во однос на изведувачот
Министерот за култура, Зоран Љутков денеска информира дека тендерот за изградба на новата Универзалната сала не поминал.

Вакво известување добил од Комисијата за жалби. Според него, имало одредена жалба во однос на изведувачот.
-Според мене, тоа не е суштински проблем, но, како и да е, има известување од Комисијата. Наредната недела ќе го повториме тендерот, кажа Љутков и додаде дека работата за завршување на обновата ќе се одолговлечи уште два месеци.
Сепак, министерот смирува дека постапката ќе трае помалку, но веднаш ќе го распишат тендерот откако ќе поминат 10-те дена по известувањето на Комисијата за жалби. Љутков се надева дека до средината на јануари 2026 година ќе го имаат новиот изведувач на Универзална сала






