Вреди излезе со листата за нови министри – Сали прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Хоџа за животна средина…
Беким Сали прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа министер за животна средина, Орхан Муртезани амбасадор во Брисел и Башким Бакиу нов министер за здравство на местото на Азир Алиу кој пак, ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации. Ова ќе биде понудата на Вреди до премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите места во Владата по локалните избори откако Изет Меџити стана градоначалник на Чаир, потврдиle за „Слободен печат“ високи функционери од Вреди.

По неколку недели разговори, во Вреди конечно паднал договор за распределба на министерските позиции. Во текот на преговорите имаше неколку комбинации и рокади на министри од Вреди. Ако премиерот ги потврди новите кадровски решенија, се очекува до крајот на неделата предлозите за нови министри да влезат во собраниска процедура






