(Видео) Уште еден човек прегазен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз“

Уште еден човек вечерва е удрен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“.
На социјалните мрежи е објавена снимка направена непосредно по несреќата, на која се гледа повредениот човек како седи на коловозот, додека минувачи се обидуваат да му помогнат.
Од полицијата сè уште нема официјални информации за несреќата и за здравствената состојба на човекот.
Пред неполн месец, на истиот пешачки премин возач на џип прегази жена и избега од местото. Тој подоцна беше уапсен на патот кон Средно Водно.






