Германија: Треба ли да се разговара со АФД?

Би продолжиле ли да купувате од вашата омилена продавница доколку знаете дека нејзиното раководство разговара со претставници на радикална десничарска партија? Ова е дилемата со која се соочуваат многу Германци

Дали треба да се разговара со партијата „Алтернатива за Германија“ (АфД), која делумно е оценета како крајно десничарска? И како треба да се позиционира економијата? Веќе неколку дена оваа тема предизвикува бурни дискусии во Германија.

Поттикот го даде здружението „Семејни претприемачи“, кога во октомври, на својот парламентарен вечерен настан во Берлин, првпат покани и претставници на АфД – партија која официјално е класифицирана како крајно десничарска. За таа цел, според претседателката на здружението Мари-Кристин Остерман, беше укината дотогаш важечката „забрана за контакт“ на федерално ниво.

„Ние, семејните претприемачи, не сакаме влада со учество на АфД“, стои јасно на интернет-страницата на здружението. „Светогледот на АфД не се вклопува во нашите либерални и пазарно ориентирани убедувања, поради што не се плашиме од содржинска дебата со АфД.“

„Дискусија со некој што мисли поинаку не значи прифаќање на неговите ставови. Разговор не значи соработка“, додава Остерман.

Први истапувања од здружението

„Реакциите од членството го поддржуваат овој пристап“, објави здружението на Инстаграм.

Колкава е поддршката, не е јавно познато. Здружението „Семејни претприемачи“ претставува 180.000 семејни компании во Германија, кои вработуваат околу осум милиони луѓе. Сепак, нема јавна листа на членки.

Мари-Кристин Остерман претседателка на здружението „Семејни претприемачи“. јуни 2025
„Разговор не значи соработка“, вели претседателката на здружението Мари-Кристин ОстерманФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Некои членови веќе реагираа и го напуштија здружението: берлинскиот претприемач Харалд Крист го напушти здружението, а во вторникот и синџирот дрогерии „Росман“ го најави своето заминување. Производителот на апарати „Форверк“ исто така ќе го прекине членството, кое веќе подолго време мирува. „Форверк се дистанцира од ставовите на здружението за односот кон АфД.“

Други компании размислуваат за истапување. Од групацијата „Мелита“ изјавија дека се „многу изненадени“ од промената на позицијата на раководството. Дијалогот со политиката го поддржуваат, но не и со партии кои делумно се оценети како екстремистички.

Реакции од други компании

Едно од најпознатите германски компании за одржливост и грижа за вработените – синџирот дрогерии „ДМ“ – не даде директна изјава против АфД, но: „ДМ одлучно ја отфрла поларизирачката дебата за ‘ѕидови’, исто како и ставовите на АфД кои ја доведуваат во прашање демократската уставна основа“, изјави директорот Кристоф Вернер за „Зиддојче Цајтунг”.

„Како здружението ќе постапува со одредени партии, тоа е негова одлука“, додаде компанијата.

Иако „ДМ“ годинава беше на прво место по популарност кај клиентите, многу корисници на Инстаграм реагираат негативно. Коментарите се: „Беше убаво досега, но ако не реагирате, ќе купуваме кај Росман!“ Без јасен став, многумина најавуваат бојкот.

Негативни реакции добиваат и компании кои не се членки. „

Харибо“ мораше да објави дека „не е дел од здружението“, откако доби пораки за бојкот. Слични барања доби и „Хенкел“: „Покажете став за АфД и здружението!“

Продавница на ДМ во Берлин. февруари 2024
„ДМ“ се најде под жесток бран критики од потрошувачите поради недоволната дистанца кон АФДФотографија: Schoening/IMAGO

Реакции од други здруженија

Остра критика дојде од партиите на Зелените и ЦДУ, како и од синдикатите Верди и ДГБ.

Шефот на Верди, Франк Вернеке, побара јасна позиција од економските здруженија: „Историјата предупредува колку е важна јасната дистанца на економијата од десничарски екстремисти“, рече тој, потсетувајќи на поддршката на индустријалците за НСДАП во 1933 година.

Здружението на германските пекари се почувствува погрешно претставено во медиумите. „Се спротивставуваме на секоја форма на екстремизам“, изјави нивната претставничка. „Не каниме партии од политичките екстреми на наши настани.“

И од земјоделското здружение изјавија: „Контактот со АфД го сведуваме на протоколарен минимум.“

АфД се радува

Додека другите се расправаат, АфД ликува. „Нормално е економијата да разговара и со опозицијата, особено ако таа е најсилна сила според анкетите“, изјави партиската лидерка Алис Вајдел. Таа го пофали здружението за „храброста“ и повика други да го следат примерот.

 

Back to top button
Close