Русија се заканува дека целосно ќе го блокира „Вацап“

Државниот регулатор за комуникации на Русија, Роскомнадзор, се закани дека целосно ќе го блокира „Вацап“ доколку не ги почитува руските закони.
Регулаторот повторно ја обвини популарната платформа за пораки во сопственост на „Мета“ дека не ги почитува руските барања дизајнирани за спречување и борба против криминалот, објави Ројтерс.
Ова е најновиот чекор во долготраен спор.
Русија започна со ограничување на некои повици на „Вацап“ и „Телеграм“ во август, обвинувајќи ги платформите во странска сопственост дека одбиваат да споделат информации со агенциите за спроведување на законот во случаи на измама и тероризам.
„Воцап“ одговори обвинувајќи ја Москва дека се обидува да блокира милиони Руси од пристап до безбедни комуникации.
Во меѓувреме, руските власти промовираат конкурентска апликација поддржана од државата наречена MAX.






