Унгарија размислува за купување удел во руските нафтени компании под санкции


Потпретседателот на руската Влада, Александар Новак, изјави дека за време на денешните разговори меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, се разгледувала можноста Унгарија да купи удел во руските нафтени компании кои се погодени од неодамна воведените американски санкции.

Новак на прес-конференција изјави дека овие разговори, водени во Кремљ, „не треба да бидат изложени на медиумско внимание“, пренесе Радио-телевизија Србија.

– Во принцип, таква тема постои и беше разгледана. Унгарија е наш сигурен партнер во енергетиката со години. Унгарските партнери моментално работат во таа насока, а многу зависи од деловните преговори. Значи, овој процес треба да се одвива тивко, без медиумско внимание, рече Новак.

Back to top button
Close