Најмалку еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека меѓу повредените е тринаесетгодишно момче.

Воената администрација на Киев ги предупреди жителите и на заканата од напад со балистички ракети и ги повика да останат во затворен простор.

Шефот на воената администрација на Кијева, Тимур Ткаченко изјави дека еден човек загинал во нападот, како и дека бројот на повредени не е конечен.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close