Мицковски повикува ОЈО уште утре да влезе фо фирмата „Дигитал оне“ тврди дека СДСМ клеветат,но не знаел дека управител е лице кое ги уништувало прислушните уреди и бил побегнат од државата

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да го истражи случајот со набавката на лиценци од фирмата „Дигитал оне“.
Владата, како што истакна вечерва Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МТВ, стои на располагање за расветлување на овој случај.
-Доколку постои каков било сомнеж за сторен криминал, СДСМ може веднаш да достави докази до нивните инсталации во Обвинителството и тие, кои се уште функционираат слободно, можат да поведат истрага. Мора да се забележи дека СДСМ на прес-конференција изнесе и груби клевети, нарекувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ криминалци, нешто што ќе треба да го докаже, а доколку тоа не го стори, ќе треба да се извини и да изгуби дополнителен кредибилитет. Наклеветија личност дека управител на таа фирма бил негов близок роднина, братучед и така натаму, што е апсолутна невистина. Димче Арсовски се обрати преку социјалните медиуми и ќе треба сега да докажат тоа што го тврдат, претпоставувам преку судски процес. Многу пати во минатото СДСМ клеветеше. Мене лично многу пати ме клеветеше уште во времето коха бев во опозиција. И има судски пресуди, неколку, во коишто тие клевети и невистини се констатирани. За жал, до ден денеска СДСМ не се извини, рече премиерот.
На прашањето дали кога од дистанца би го набљудувал овој случај, кај него се вклучува „црвено светло“ имајќи предвид дека фирмата „Дигитал оне“ е формирана во август 2024, кога ВМРО-ДПМНЕ е веќе неколку месеци на власт, а притоа од денот на формирањето до денес добива шест договори за јавни набавки со владини институции од кои четири со Генералниот секретаријат, Мицкоски одговори дека тој не бил запознаен со случајот, бидејќи не ги следи јавните набавки и оти нема браќа бизнисмени за да го интересираат јавните набавки, ниту пак се занимава со такви работи.
Тој по прес-конференцијата на СДСМ се заинтересирал за случајот и се распрашал, по што добил уверување дека се е направено во согласност со законот и тендерската документација.
-Тој рамковен договор е од нула до таа максимална сума што сега вие ја споменувате. Значи може да биде и нула денари, а може да биде и сумата што вие ја споменувате (8 милиони евра, н.з.). Така што, јас апсолутно не гледам никаква, би рекол, незаконитост во рамките на таа набавка. Имало многу случаи кога дури и компании без вработени добивале тендерски постапки и така натаму, доколку тие биле по закон, тука ние ништо не можеме да сториме. Но, еве бидејќи вие рековте да ја запалиме „црвената ламба“, јас го повикувам обвинителството уште денес да дојде и да отвори процес и да го истражи случајот, рече Мицкоски.
Потенцираше дека не се интересира за јавните набавки од аспект како тоа се правело во минатото кога браќа на премиери беа бизнисмени и кога сопруги добиваа со владини одлуки земјишта за изградба на фотоволтаици, но по обвинувањата изнесени на прес-конференција се распрашал и добил уверување дека се е според закон и според тендерската документација.
На прашањето дали слушнал дека еден од вработените во „Дигитал оне“ е поранешен вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање и оти е инженер кој бил дел од комисиите што решавале за уништување на опремата со која било извршувано масовното нелегално прислушкување, премиерот одговори:
-Знам дека тој случај за нелегалното прислушување заврши со одредена судска одлука во којашто некои луѓе ја напуштија државата, избегаа. Некои луѓе одлежаа. А некои добија политичка амнестија со промена на членот 353 од Кривичниот законик, злоупотребувајќи го европското знаме, претходната влада на СДСМ и ДУИ, кои позади тој процес на промена на Кривичниот законик и членот 353 имаа поинаква тенденција. На крајот од денот таа беше и политичка, којашто не успеа во насока во која тие се надеваа дека ќе успее.






