Ајакс остро ги критикуваше своите навивачи: Загрозена беше безбедноста

Раководството на Ајакс остро го критикуваше „апсолутно скандалозниот“ огномет што го предизвикаа навивачите на клубот од Амстердам, предизвикувајќи до прекин на натпреварот од холандското фудбалско првенство против Гронинген на арената „Јохан Кројф“ во неделата.
Судијата Бас Ниехуис им нареди на играчите на двата тима да го напуштат теренот пет минути по почетокот на натпреварот, откако навивачите на домашниот тим запалија огромен број факели и сигнални ракети зад еден од головите, исполнувајќи го стадионот со чад.
Обидите за продолжување на натпреварот 45 минути подоцна беа пречекани со уште посилен огномет, што резултираше со конечна одлука на судијата официјално да го прекине натпреварот.
„Ајакс смета дека она што се случи на стадионот во неделата вечер е апсолутно скандалозно. Им се извинуваме на сите што беа погодени на кој било начин. Безбедноста на гледачите и играчите беше ставена во опасност. Ова е неприфатливо. Категорично се оградуваме од ова несоодветно однесување. Огнометите немаат место на стадионот“, соопшти Ајакс.






