Во ќелија кај обвинет за „Пулс“ кој е во притвор најдени се 13 телефони и лаптоп, се правдаше: Jас ги најдов таму уште кога влегов

Во судницата во Идризово, се одржува ново рочиште за случајот „Пулс“, на кое обвинетите треба да се изјаснат за вина. Главна расправа веднаш беше ставена во втор план, откако судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи обвинетиот Џеваир Камбери со сериозна злоупотреба направена додека е во притвор, пишува 4news.mk

— реклама —

 

Според информациите изнесени во судот, при претрес на неговата ќелија во истражниот затвор „Скопје“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп, која не смеел да ја има.

На прашањето на судијката како е можно ваква опрема да се најде кај него, Камбери се обиде да се оправда со реченица што ја шокираше судницата:

„Јас ги најдов таму уште кога влегов.“

Груевска Илиевска реагираше:

„13 мобилни телефони сте ги нашле вие? Ве молам… знаете што следува понатаму – самица и други мерки.“

Камбери е обвинет како службено лице – советник во Министерството за економија. Според обвинението, тој е дел од синџирот што овозможил „Пулс“ да работи со фалсификувани лиценци. Се товари дека примал поткуп и изготвувал лажни службени исправи, при што, според ОЈО, зел 226.000 денари за да издаде фалсификувана лиценца за кабаре – без да биде запазена законската постапка.

Back to top button
Close