(Видео) МВР со детали за апсењето во кривопаланечко: Мисицата таткои и сестраи завршиле во полициска станица!
На 02.12.2025 околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко.

Имено, тројцата агресивно се однесувале и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Исто така, тие ги попречувале вработените во АХВ кои биле ангажирани за собирање на крупен добиток, а упатувале и закани кон неколку соселани.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.






