МВР го одложува официјалниот старт на „безбеден град“
Министерството за внатрешни работи (МВР), во одговор на прашање на „360 степени“ околу тоа дали системот „Безбеден град“ (Сејф сити) се тестира и кога официјално ќе биде во функција, посочи дека регистрирањето сообраќајни прекршоци преку овој систем ќе започне да функционира од 1 февруари, а не од 1 јануари, како што беше првично најавено.

„Безбеден град ќе започне да функционира од 1.2.2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10“, велат од МВР за „360 степени“.Откако отпочна тест-периодот и опомените кои стигаат во СМС-пораки, системот „Безбеден град“, властите размислуваа за одложување на почетниот датум откога наместо опомени, ќе почнат да се испраќаат казни за брзо возење и поминување на црвено светло.
Покрај одложувањето, претставници на МВР изминатите денови најавија дека се размислува и за извесна толеранција околу брзината, односно да не се казнуваат возачите кои возеле 52 или 53 километри на час во градска зона






